ТК Кобра настапи имаше учинок 7 од 7 на Меѓународниот таеквондо турнир „Хереа опен 2019“ со учество на 1200 натпреварувачи од 8 држави. Седумте натрпреварувачи на Кобра освоија 7 медали – 2 сребрени и 5 бронзени, сите во А класа.
„Најмладиот натпреварувач имаше најдобар настап извојувајќи три победи од четири борби во сериозна пионерска категорија -36кг. Костадин Гелевски со своите 8 години претставува идна спортска надеж. Трајковски Дамјан исто така, еден од најуспешните репрезентативци на Македонија оствари три фантастични победи, а во финалето загуби за еден поен со противник од Бугарија. Секако ќе ги споменам и двете женски натпреварувачки Лина Ќуштерова Даниела Каревска чии борби го покажаа резултатот по упорниот труд и работа.И се разбира најмалите младинци,пионерите Филип Каревски, Горјан Аврамовски и Илија Лазаров имаа успешен настап, но не доволен за повеќе победи. Следната недела имаме домашно првенство, хуманитарен таеквондо турнир „Борба за хуманост“ кој го организира Кобра“, вели тренерот Катерина Михајлова.