Изминатиов викенд Таеквондо клубо9т Феникс кик од Скопје на Меѓународниот турнир „Зрењанин опен 2017“ освои седум медали со 9 натпреварувачи, од кои два се златни, четири сребрени и еден бронзен медал.
Со златни медали се закитија Дамјан Сандев во јуниорска и Стефан Димовски во пионерска конкуренција, а
Марио Богески, Лука Ангелов, Марко Грујоски и Иво Сандев (кадет) освоија сребрени, додека Давид Цеков (пионер) бронза.
Ipon.mk/В.Д.