Карате клубот Куштрими освои седум медали на Меѓународниот турнир „Кичево опен 2016“, од кои 3 златни, 2 сребрени и 2 бронзени.
Златни медали освоија: Рудина Алиу (-35 кг) и Џелјане Јахил (+ 45 кг) деца родени 2004 години и Азра Абдула (-50 кг, 2003).
Сребрени медали: Нух Авдију во кати ниво -7 години и Енвер Рамадани (-40 кг, родени 2010/2011).
Бронзени медали: Иса Селими ката ниво 1- 9 години и Емир Рамадани (-35 кг, 10/11).
Тренерот Исмет Шерифи е задоволен од настапот пред Балканското првенство во Србија.
„Ние сме подготвени и се надевам дека од Белград нема да се вратиме со празни раце“, сметаат тренерите Ирфан Алија и Исмет Шерифи.
Ipon.mk/В. Д.