Макпетрол ќе настапи со седум каратисти во Истанбул на вториот од есенскиот дела Карате 1 Премиер лигата овој викенд.
Во составот на Макпетрол ново име во однос на Лајпциг е Срара Радичевска. Вечерва за Истанбул ќе патуваат:
1.Сара Радичевска категорија -50 кг
2.Симона Заборска категорија -55 кг
3.Моника Пендаровска категорија -55 кг
4.Наташа Стефановска категорија -61 кг
5.Моника Стефановска категорија -68 кг
6.Анѓела Мојсовска категорија -68 кг
7.Петар Заборски категорија -75 кг
„Основната наша цел на овој турнир е во две насоки. Првично е темпирање на формата за нашите кандидати кои треба да настапат на Светското младинско првенство во Тенерифе, Шпанија, (од 25 до 29 окстомври) и, како втора цел, е подобрувањето на пласманот на секој спортист во својата тежинска категорија на Светската ранг листа на ВКФ. Ова е многу важно за нас, бидејќи од следната година само прворангираните 50 спортисти во секоја тежинска категорија ќе можат да учествуваат на турнирите кои ги организира Светската карате федерација или 1 Премиер карате лигата, кои ќе бидат и критериумски назначени турнири за собирање бодови и учество на Олимпијадата во Токио 2020 година“, вели тренерот Бошко Заборски.
Нема да биде ни малку лесно, додаде тренерот на Макпетрол, да се направи добар пласман или пак да се освои медал бидејќи конкуренцијата е огромна и многу квалитетна.
Во Истанбул ќе има рекорден број на натпреварувачи од 89 држави од целиот свет со 1.262 пријавени каратисти-ки, кои доаѓаат од 293 клубови, и дополнително и комплетни национални тимови, само во сениорска конкуренција.
„Отсега па натаму, во однос на квалитетот и рејтингот, секој ваков натпревар е на висина на светско официјално првенство“, нагласува Заборски.
Ipon.mk/В.Д.