Седат Бафтија: Алили и Тасев работат со најдобрите инструктори во светот, Бесир ќа патува на Олимпијадата во Аргентина (ФОТО)

На семинарот на Обединетото светско борење (ОСБ/UWW) во Загреб учествуваат нашите млади надежи Бесир Алили кој ќе уцествува и на младинските Олимписки игри во Буенос Аирец, Аргенита, и Филип Тасев. Со нив е и тренерот на кадетската репрезентација Седат Бафтија.

„Семинарот има карактер на обучување на тренери со нови програми, како што работат силните држави во овој спорт Русите, Јапонците, Иранците, Кубанците, Турцитеи Американците“, вели Бафтија и додава:

Од друга страна, оние деца кои ќе учествуват на Олимписките игри да имаат можност да се дружат, но и да работат техничко-тактички тренинзи со најдобрите инструктори во светот. Некои од нив се медалисти на олимпијади, светски првенства и други шампионати. Тука има над 20 држави и се претставени со двајца борачи и еден тренер. Имаме обука и за анти-допинг контролите. Во Загреб ќе останеме до 15 јули“.

Ipon.mk

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON