Чак Норис го „задуши“ Жорж Сент Пјер

Легендарниот шампион Жорж Сент Пјер ужива во времето надвор од октагонот. Последен пат го победи Мајкл Биспинг и стана шампион во средна категорија, но поради здравствени проблеми одлучи дека нема да го одржи развојот во категоријата и да ја брани титулата.

Во овој момент не е познато дали повторно ќе се бори, но рече дека се сретнал со еден од неговите идоли и имал чест да биде задушен од него.

„Денес, имав голема чест да се сретнам и да бидам „задавен“ од еден од моите големи идоли, Чак Норис. Го чекав овој момент подолго време, благодарам, г-дин Норис“.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО