Во четвртокот на Спрингфилд се одржа лицитацаија за боксерскиот меч меѓу Хрватот Филип Хрговиќ и Кинезот Жилеи Жанг, а победникот ќе ја добие позицијата задолжителен предизвикувач на ИБФ во тешка категорија.
Организацијата на борбата ја доби Еди Херн и неговиот Мечрум бокс во соработка со Васермен бокс.
Херн е промотор на кинескиот бокс, а има соработувано и со Филип.
Мечрум и Васермен ја направија најдобрата понуда од 650.000 долари, надминувајќи ја понудата на промотерската куќа Пробокс од 410.000 долари.
Така Хрговиќ и Жанг ќе поделат 650.000 долари, а хрватскиот тешкаш ќе добие 60 отсто од тој хонорар (390.000 долари).
Во следниот месец боксерите треба да потпишат договор, а во меѓувреме ќе се договори датумот и местото на мечот.