Се зголемуваат пречките за обединувачки меч во тешка категорија

До неодамна се сметаше дека победникот во тешка категорија со четири појаси Ентони Џошуа ќе се бори против сонародникот Тајсон Фјури, а победникот ќе стане апсолутен шампион. Преговараа долго, скоро сè беше прецизирано, но тогаш судот донесе одлука Ромскиот крал да се бори по трет пат со Дионтеј Вајлдер.

Откако беше познато дека Џошуа нема да се соочи со Фјури, тој потпиша меч со предизвикувачот на ВБО, Александар Усик.

Тајсон Фјури доби коронавирус и средбата со Вајлдер беше одложена.

Сите се на мислење дека победниците на двата меча ќе се соочат во рингот за да го одредат апсолутниот шампион. Можеби Џо Џојс може да го промени тоа. Неговиот менаџер Френк Ворен објави дека Џојс стана официјален предизвикувач за појасот на ВБО и победникот во битката меѓу Ентони Џошуа и Александар Усик ќе треба да се бори против непоразениот 35-годишен Британец во рок од една година.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON