Се враќа Хамзат Чимаев, наесен го чека опасен кинески нокаутер

Борецот околу кого се крена можеби најголемa прашина во 2020 година конечно се враќа во борбите.

Хамзат Чимаев (9-0, 3-0 УФЦ) дебитираше за најсилната светска организација во јули минатата година. За само два месеци тој имаше направено дури три борби и само Џон Филипс успеа да стигне до втората рунда во дебитантската борба на Хамзат. Во првата рунда беа нокаутирани Рис Меки и Џералд Миршарт. Чимаев тогаш тврдеше дека сака да се бори што е можно почесто, дури и секој викенд ако е можно (секако не, з.а.), но низа проблеми го спречија да го направи четвртиот настап за УФЦ. Предвидено е да настапи на 30 октомври, а противник ќе му биде кинескиот полусреднаш Ли Жинглианг, моментално 12-рангиран борец во полусредна категорија на УФЦ.

Дури трипати борбата меѓу Хамзат Чимаев и Леон Едвардс беше откажана. Прв пат Едвардс беше запрен од коронавирусот, додека преостанатите два пати чеченскиот борец со шведски пасош мораше да се откаже од истите причини. Чимаев претрпе доста тешки последици откако се здоби со Ковид-19 и дури на почетокот на март објави дека се пензионира. Сепак, тоа беше избрзана реакција и овие тврдења беа брзо негирани. Се чини дека новиот миленик на чеченскиот лидер Кадиров конечно е подготвен да се врати, а го чека најтешкиот досегашен испит.

Ли Жинглијанг (18-6-0, 10-4 УФЦ) е исклучително опасен борец, а неколку реномирани имиња ја почувствуваа неговата сила. Кинескиот борец победи во две од последните три борби, завршувајќи ги со нокаут Сантијаго Понзинибио и Еизе Залески дош Сантос. Нил Мегни се покажа како преголем залак и Жинглијанг беше поразен со едногласна одлука на судиите. Дури седум пати Кинезот победија со нокаут под покровителство на УФЦ и тоа дефинитивно е тежок испит за 27-годишниот Чимаев.

Сепак, Ли Жинглијанг често губеше затоа што немаше одговор на борбата на неговите противници, а Чимаев е номинално најдобриот борач со кој ќе се соочи. Лесно е можно злобните јазици да велат дека Чимаев добил стилски погоден противник, но нокаут моќта секогаш остава одредени шанси за кинескиот борец. Се надеваме само дека Чимаев конечно ќе го има четвртиот настап, а оваа борба ќе разјасни многу нешта за нас.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON