Напнатоста пред УФЦ 223 продолжува да расте. За тоа придонесе и Артем Лобов кој се спречка со Хабиб Нурмагомедов во хотелот во Бруклин, Њујорк, каде што престојуваа борците пред настанот на 7 април.
Во видеото, Хабиб и неговата придружба се соочуваат со „Рускиот чекан“ пред да ги раздели персоналот на УФЦ. Не е јасна причината за кавгата.
Се разбира, Хабиб никогаш не го криел антагонизмот кон Конор Мек Грегор, кој прв другар со Лобов и негов тренинг партнер.
.