Се соочија борците за УФЦ 261, искри меѓу Усман и Масвидал (ВИДЕО)

Само што заврши прес-конференцијата пред УФЦ 261, што ќе се одржи викендов на Флорида. За прв пат опасно блиску застанаа натпреварувачите кои ќе учествуваат на гала вечерта.

Камару Усман и Хорхе Масвидал не престанаа да се зајадуваат и да се закануваат. Тие се главната битка за настанот и за прв пат по една година ќе има навивачи во салата.

За време на прес-конференцијата имаше и многу фанови, многу од нив беа без маски и покрај заканата од Ковид-19. Усман и Масвидал имаат реванш една година подоцна. Камару со одлука на судиите победи пред една година во Абу Даби. Сега Масвидал верува дека сè ќе биде поинаку.

Во коглавната борба ќе го видиме шампионката во сламка категорија Вејли Жанг против Роуз Намахунас. Во третата битка за титулата ќе ја видиме шампионката во мува категоријата Валентина Шевченко против Џесика Андраде.

Погледнете го соочувањето на прес-конференцијата пред настанот:

Главна карта:
Камару Усман (в) – Хорхе Масвидал
Жанг Вејли (в) – Роуз Намахунас
Валентина Шевченко (в) – Џесика Андраде
Урија Хол – Крис Вајдман
Ентони Смит – Џими Крут
Прелиминрани:
Алекс Оливеира – Ренди Браун
Двајт Грант – Стефан Секулиќ
Карл Роберсон – Брендан Ален
Патрик Сабатини – Тристан Конели

Дана Батгерел – Кевин Нативидад
Казула Варгас – Ро Жу
Киленг Аори – Ефри Молина
На Лианг – Аријан Карнелоси
Ејми Симонс – Они Муњоз

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО