Се пренасочува мечот Холовеј – Родригез за ноември

Одложената супер пресметката меѓу Макс Холовеј и Јаир Родригез, која требаше да се случи минатиот месец, има нов датум. Оваа информација ја објавија неколку американски медиуми кои се повикуваат на нивните извори во УФЦ.

Борбата во перо категорија требаше да се одржи во јули, но 29-годишниот Холовеј се повлече од мечот поради повреда. На радост на навивачите организацијата беше решена да го направи мечот, а не да најде замени и нови ривали.

Според Дана Вајт, УФЦ се обидува да го презакаже за 13 ноември, бидејќи ќе има статус на голем настан.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО