Се повеќе држави го бојкотираат СП во бокс, не прифаќаат учество на Русија и Белорусија

Челниците на националните боксерски федерации на Канада и на Шведска соопштија дека се повлекуваат од учество на Светските првенства во бокс и во машка и во женска конкуренција, кои треба да се одржат пролетва. Со тоа им се придружија на САД, Ирска, Чешка, Англија, Швајцарија кои најавија дека ќе го бојкотираат, а причината е заедничка – дозволата да учествуваат Русија и Белорусија.

Меѓународната боксерска асоцијација (ИБА) е една од ретките, која не ги следи препораките на Меѓународниот олимписки комитет (ИОК) за изолирање на Русија и на Белорусија, туку им дава потполно право да учествуваат на претстојните две аматерски Светски првенства, со знаме, химна, со сите обележја. Причината за тоа е претседателот на ИБА, Русинот Умар Кремљев и сигурниот проток на пари кои се влеваат од спонзорот Газпром.

Поради оваа одлука, Шведска и Канада се последните кои откажаа учество на СП во женска категорија во Њу Делхи, од 15 до 25 март и во машка категорија во Ташкент, во мај.

„Не ја прифаќаме постапката на ИБА. Во таа организација не постои демократија или транспарентност во водењет, со години работиме на промени, но без успех. Сега тие носат одлука да им дозволат учество на Русија и на Белорусија и тоа со националнто знаме“, вели Пер-Аксел Сјохолм, првиот човек на шведскиот бокс.

Слични биле изјавите и од неговиот канадски колега, Рајан Оши, кој е загрижен за иднината на боксот како спорт воопшто.

„Се приклучивме на ова движење. Ја делиме огромната загриженост за иднината на нашиот спорт, во рамки на олимпиското семејство“, изјавил Оши.

Тие негови зборови се поттикнати од веќе постоечката „војна“ меѓу ИОК и ИБА. Домот на олимпиското движење ѝ се заканува на ИБА дека ќе го тргне боксот дури и од Игрите во Париз, следната година, а за Лос Анџелес 2028 и онака уште не е во почетната програма.

Претходно САД, Ирска и Чешка откажаа послушност на двете СП оваа година, а Британците се на пола пат да го засилат опторот, бидејќи објавија дека нивните боксерки нема да патуваат за Њу Делхи, прашање е дали тоа ќе важи и за машкото СП.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON