Се потврдуваат гласините оти Ентони Џошуа бил нокаутиран за време на спаринг меч

Познатиот американски спортски коментатор Џо Роган потврди дека веќе поранешниот светски шампион во тешка категорија Ентони Џошуа (22-1, 21 КО) бил нокаутира за време на спаринг и токму со тоа може да се објасни чудното однесување за време на средбата со Енди Руиз Јуниор минатата сабота во Њујорк.

„Мојот добар и сигурен извор ми кажа дека Џошуа бил нокаутира една недела пред борбта. Можно е да добил потрес, затоа што на рингот во „Медисон сквер гарден“ изгледаше многу лошо и беше ранлив. Можеби беше и многу претпазлив за време на борбата, бидејќи не успеа да се опорави од нокаутот“, изјави Џо Роган во интервју за Bjpenn.com.

„Изгледаше како стакло. На лицето му пишуваше дека нешто не е во ред. Уште повеќе што тоа беше и неговото деби во Америка. Беше под силен притисок и може едноставно да прегорел“, додаде спортскиот коментатор.

Неговите информации е противреча на изјавата на Еди Херн од пред три дена. Промотор на Британецот категорично негираше дека Џошуа излегол на рингот против Енди Руиз со потрес на мозокот, како и тоа дека бил повреден пред мечрот.

Како што е познато, новиот светски шампион во тешка категорија на ВБА, ВБО и ИБФ, Енди Руиз (33-1, 21 КО) го победи Џошуа со технички нокаут во 7-мата рунда.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON