Се појави снимка од апсењето на Конор Мек Грегор во Мајами, што се случи минатиот месец по инцидентот кај хотелот. Да потсетиме, Конор Мек Грегор прво го скрши, а потоа и го отуѓи мобилниот телефон на фан кој се обиде да го фотографира.
Откако пред неколку дена дојдоа до снимката од безбедносната камера на хотелот, на која се гледа целиот инцидент, од TМЗ спорт сега успеаја го набават снимка и од апсењето на Конор Мек Грегор. Тоа е камера од униформата на еден од полицајците кои беа задолжени за тоа.
Можеме да видиме како полицајците дојдоа во резиденцијата на Мек Грегор, по што излезе во друштво на неговиот адвокат и беше однесен до полицискиот автомобил. Претходно, му ги врзаа рацете зад грб. Мек Грегор не се спротивстави на апсењата.
Според моментално познати информации, Конор успеа да се нагоди со својата жртва, но целата ситуација не е решена. Имено, и понатаму му се заканува казна поради отуѓување и уништување на туѓ имот. Сепак, веруваме дека и тоа ќе биде решено во корист на големата спортска ѕвезда.