Поранешниот боксер и актер во „Транспортер 2“ загина од истрел во главата

42-годишниот британски актер и поранешен боксер Бредли Велш, познат од филмот „Транспортер 2“, загина откако беше застрелан во главата на улица во западниот дел на Единбург, објави во „Мирор“.

Фаталната несреќа се случила во среда околу 20 часот. По истрелот тој реон бил блокиран од вооружени полицајци и болничари, но Велш починал пред да биде однесен во болница. Полицијата ја потврди смртта, го забележа случајот како „сомнителен“ и покрена истрага.

Во 1993 година Велш станува шампион во лесна категорија на Британската асоцијација за бокс за професионалци.

Актерските настапи вклучуваат и учество во епизода од документарна серија „Дани Даер: најстрашните мажи“, посветен на познати борци и боксери. Велш раководел добротворни проекти за помош на младите од Единбург, со насоченост кон здравјето, психичката стабилност и против нерамноправност. Имаше и боксерска сала во градот.

Велш раководел добротворни проекти за помош на младите од Единбург, со насоченост кон здравјето, психичката стабилност и против нерамноправноста. Имаше и боксерска сала во градот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО