Шампионот во лесна категорија на УФЦ, Александар Воклановски наесен ќе ја брани титулата против Брајан Ортега.
Ова го изјави претседателот на организацијата Дана Вајт, а според него датумот што е посочен е 25 септември. Тогаш ќе се одржи УФЦ 266, кој сè уште не е познато каде ќе се одржи.
Австралиецот со македонско потекло требаше да го брани појасот во март против Ортега, но нивниот меч беше одложен поради позитивниот тест на Ковид-19 на 32-годишниот Волкановски. Набргу потоа стана јасно дека Волкановски и 30-годишниот Ортега ќе бидат тренери во 29-тата сезона на реалното шоу „Улитмејт фајтер“.
Шампионот не се борел од јули минатата година, кога по втор пат го совлада Макс Холовеј. Ортега не се искачил во кафезот од октомври 2020 година, кога го победи Чан-Сун Јунг.