Дана Вајт изјави дека работат на борба меѓу Тони Фергусон и Мајкл Чендлер во лесна категорија. Сè уште не е познато за која гала вечер УФЦ планира да ги спротивстави. Сепак, претседателот на УФЦ изјави дека преговорите се во тек, но се уште не се потпишани договори.
Фергусон и Чендлер од минатата година притискаа за борба, но тоа не се случи. Фергусон и Чендлер се во серија на порази и дефинитивно има поента нивната битка. Сепак, многу фанови не сакаат да го видат Тони директно против Чендлер.
Фергусон настапи многу слабо на последните средби, додека Чендлер беше блиску до победа над Чарлс Оливеира. Мајкл имаше тешка борба со Џастин Гејџи и загуби со одлука на судиите.
Тони е во серија од 3 последователни порази, кои беа тешки и не покажа многу. Чендлер, пак, е во серија од 2 порази. Многумина мислат дека Фергусон завршил со големите борби и оваа борба ќе му биде последна во УФЦ, затоа што ќе загуби.