Дана Вајт: Не сум покажал непочитување кон Нгану, идоти!

Френсис Нгану минатиот викенд во Калифорнија ја одбрани титулата во тешка категорија со победата над Сирил Ганe. Традиционално Дaна Вајт по мечот влегува во кафезот и го става појасот околу половината на шампионот. Овој пат, сепак, Вајт си замине пред крајот на борбата меѓу Гане и Нгану.

Претседателот на УФЦ ја напушти салата и на негово место дојде мечмејкерот Мик Мејнард. Многу фанови го видоа ова како непочитување од страна на Вајт, кој го стави појасот околу половината на Дејвисон Фигуередо, кој стана шампион во главната борба.

Предаторот не сака да потпише со УФЦ, а на Вајт едвај му се допаѓа тоа. Сега Дана тврди дека имал многу работа зад сцената и морал да се справи со тоа. Тоа била причината да не ја додели титулата на Нгану.

„Сигурен сум дека сите умираат да разберат зошто не му ја дадов титулата на Нгану. Заминав веднаш по главната битка, бидејќи имаше работи што се случуваа зад сцената. Морав да се справам со нив. Сите што тврдат дека сум покажал непочитување кон Нгани се идиоти.

Цела недела се гледам со Френсис, идиоти. Му подадов рака и се поздравив. Не бев во кафезот и за битката Биспинг- Рокхолд, бидејќи правев некои работи. Трчав по кошула за да излезам и да го ставам појасот околу Биспинг, но не можев да стигнам таму на време за да го ставам појасот на Френсис.

Мислам дека главниот настан беше шокантен. Мислам дека никој не очекуваше да го види Френсис да влезе и да се бори. Беше генијално од него да користи борење. Би ви гарантирал дека Гане не се позанимавал со борење во подготовките за оваа битка. Беше брилијантно за Нгану да ја искористи оваа стратегија“, изјави Вајт на оваа тема со Нгану.

.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО