Кик бокс мај тај федерацијата на Македонија пред Новата година го одржа и вториот семинар во Скопје за надградаба на тренерскиот и натпреварувачкиот кадар, посветен на спортската исхрана и дозволени суплементи во неа на кик бокс мај тај натпреварувачите на македонската репрезентација.
Предавач на семинарот беше Бобан Ѓороски, претседател на Бодибилдинг и фитнес федерацијата на Македонија кој е ИФББ лиценциран нутриционист за спортска исхрана и суплементација и лиценциран тренер при ИФББ.
„Семинарот ќе помогне во едуцирањето и применувањето на исхраната и суплементите во постигнувањето на подобри резултати на престојните првенства. Семинарот е во организација на Кик бокс мај тај федерација на Македонија“, вели пртеседателот Дејан Митровски – Урко.
Ipon.mk