На 45-от „Лорд куп“ што се одржа денеска во Скопје најуспешни беа каратистите Флора Апостолова, Благоја Ангелов, Софија Мисајловска, Петар Николовски,Теодора Димитриеска, Благоја Мисајловски, Емилија Пешевска, Давор Трповски и Методија Велкоски.
Инаку овој реномиран турнир требаше требаше да се одржи во мај, но заради
коронавирусот беше одложен.
„Маските и растојанието беше запазено во рамките на протоколите. И покрај ваквите препорачани мерки и скепсата на родителите, натпреваот успешно се реализира, во рамките на нашите предвидувања“, вели организаторот Димче Јанковски.
На Лорд купот учествуваа седум клубови од Скопје, Куманово, Гевгелија и Тетово. Поради поставените протоколи, организацијата се одвиваше на платото на асфалт во кругот на дворот на ОУ Ѓоргија Пулевски во Општина Аеродром во Скопје.
„58-те натпеварувачи се потрудија да прикажат најдобро што знаат и умеат за
освојување на еден од осумте карате оскари. Задоволството на сите беше очигледно со оглед на реално избраните победници кои заминаа со освоените карате оскари“, истакнува Јанкосвки.