Македонската репрезентација во кикс-бокс од денеска до 29 јуни ќе учествува на Балканското првенство за јуниори и сениори во Ниш, Србија.
Боите на нашата репрезентација ќе ги бранат: Димитар Ѓорѓиев -79 кг- кик лајт, Ненад Манојловски -69 кг – кик лајт, Бобан Илиовски -71 кг – лоу кик, Хадис Рамадани -67 кг – лоу кик, Милан Кубин -89 кг – кик лајт, Енвер Реџеповски -75 кг – лоу кик и Марија Божиновска +70 кг – кик лајт.
Во стручниот штаб на репрезентацијата владее оптимизам и очекуваат нашите натпреварувачи да освојат неколку медали. Всушност, БП ќе биде контрола на подготвеноста на македонските кик боксери пред Европско кадетско првенство во Шпанија во август и Светското првенство за сениори во октомври во Белград.
На собирот во Ниш ќе се одржи и состанок на Балканската кик бокс федерација на кој ќе се одлучува за нов претседател по оставката на досегашниот прв човек Бојан Колев од Бугарија. Претседателот на КБФМ, Александра Неделковска, тренерот на репрезентација Драган Атанасовски, како и судијата Љупчо Стојчевски се дел од македонскиот тим кој ќе биде присутен во Ниш.
ipon.mk/В.Д.