Се крчка мечот Ломаченко – Пакијао: Тоа е меч во кој може да ги тестирам своите можности!

Иако пред само два дена го совладаХорхе Линарес, во фантастичен меч за титулата во лесна категорија , Васил Ломаченко нема долго да одмора, барем кога станува збор за шпекулации во врска со следниот противник. Меѓу нив, Мани Пакјао е особено атрактивен.

Ломаченко против одличниот противник имаше моменти кога беше загрозен, но на крајот собра сила и славеше со прекин во десетата рунда, во моменти кога на судските картички се уште беше неизвесно. Така дојде до светската титула во трета категорија, а тука ќе има бааги потенцијални противници.

Титулата до 62 килограми би сакал да ја освои и Мани Пакијао, боксер кој веќе не е во своите најдобри години, но пред десет години на противниците и правеше нешто слично како што прави денес Лома. Беше атрактивен, иновативен и убит. Денес беше запрашан за тој меч и коментираше за можноста да се случи тој.

„Се разбира дека ме интересира тој меч, особено сега кога Ломаченко го победи Линарес и ја држи титулата во лесна катгеорија, па може да се бориме за неа“, рече Пакијао, додавајќи: „Би сакал да се борам со него до 62 килограми, тука би ги тестираат своите можности“.

Овој меч се уште не е понуден на ниту еден боксер, но Боб Арум од Топ ранг боксинг веќе порано зборуваше дека тој дуел би го интересирал и дека сигурно ќе биде заинтересиран да се тргне во организација на истиот. Арум е промотор на Ломаченко, а истото беше и на Пакијао до пред два месеца, кога Филипинецот одлучи сам да продолжи да ја менаџира својата кариера.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON