Од Бразил доаѓаат вести дека за УФЦ 237 се подготвува пресметката во преолесна категорија меѓу поранешниот шампион Жозе Алдо и веројатно водечкиот кандидат во овој момент, Александар Волкановски.
Жозе Алдо веднаш по последната победа на Уфца најт во Форталеза, изрази желба да учествува во следниот настан на УФЦ во Бразил. Во прашање е УФЦ 237, кој се одржува на 11 мај во Рио де Жанеиро. Меѓу имињата што ги спомна како потенцијални противници посебно го нагласи Александра Волкановски. И се чини дека неговата желба ќе се исполни.
Веднаш по прозивката, австралискиот државјанин по потекло од Македонија рече дека ќе му биде чест да се бори против поранешната двократен првак на УФЦ. Алдо има уште две борби во УФЦ според договорот, по кои планира да се пензионира, а планот му е двете да ги направи во Бразил.
ММА фреленс новинарка, Фарах Харун, добила информации дека официјално се работи на бората меѓу Алдо и Волкановски за УФЦ 237, и дека борбата официјално треба да се потврди. Во прашање е настанот што ќе го предвои борбата за шампионка во сламка категоирја меѓу Роуз Намахунас и Џесика Андраде. Не е исклучена можноста ова борба да стане борба за титула или привремена во п реолесна категорија, што е релана опција доколку Макс Холовеј го совлада Дастин Поиер и стане привремен шампион во лесна категорија.
Алдо моментално е во низа од две фантастични победи над Џереми Стивенс и Ренато Мојкано, потврдувајќи дека се уште има што да понуди. Многумина го отпишаа по двата порази од Макс Холовеј, но поранешниот шампион со девет успешни одбрани на титулата се уште е тука. Волкановски досега славеше во сите шест настапи за УФЦ, при што највреден е последниот. Предпоследниот ден од минатата година го порази поранешниот трикратен предизвикувач, Чад Мендез.