Се е подготвено за отворањето на Европското првенство во кендо (ФОТО)

Boris Trajkovski podtgotven za EP Kendo

Вип арената на Спорсткиот центар „Борис Трајковски“ е подготвен за свеченото отворање на Европското првенство во кендо кое ќе трае до недела. На ЕП ќе учествуваат 38 држави со околу 490 натпреварувачи.

Plakat za EP kendo 2016

Во 16 часот е свеченото отворање од страна на премиерот Емил Димитриев, претседателот на Европската кендо федерација, Алан Докарме и Златко Кексовски, претседател на Македонската кендо и иаидо федерација.

Боите на Македонија ќе ги бранат: Андреј Атанасовски, Менсур Бојда, Владимир Кесковски, Матеј Ивановски, Илија Андреевски, Матеј Јошевски и Марија Манасиевска.

Ipon.mk/В. Д.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON