Се е подготвено за Државното џиу џицу првенство во Штип

Се е подготвено за почетокот на Државното првенство во џиу џицу утре во Штип, вели тренерот на Џиу џица клубот Осенсеи од Штип, Виктор Велинов. Шампионатот се организира заедно со Џиу џицу федерацијата на Македонија (ЏЏФМ) по седми пат.

„На овогодишното првенство учество ќе земат преку 70 борци кои ќе ги одмерат силите на две борилишта во две дисциплини: борби и не ваза. Учесниците се поделени во повеќе возрасни категории: деца, постари пионири, кадети, јуниори и сениори согласно нивната возраст и тежина. Борбите ќе ги судат вкупно 9 судии, поткрепени со соодветна софтверска техника на бодување. Организацијата на првенството е според строгите правила на Европската џиу џицу федерација. Сите љубители на спортот и џиу џицуто можат да дојдат во утре (недела) со почеток во 10:00 часот во салата „Јордан Мијалков“ во Штип и да проследат одлични борби во фер и коректна атмосфера“, вели тренерот на Осенсеи, Виктор Велинов.

Ipon.mk

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON