Утре во Кочани се одржува Државното првенство во борење за сениори во организација на БФРСМ и БК „Спартак“. Претседателот на Спартак Зоран Сребренов вели дека се е подготвено за утре, како по традиција, Спартак и Кочани ќе покажат дека се добреи домаќини.
Државното ќе се одржи во спортската сала „Сашо Лазарев – Чапо“ со почеток во 11:30 часот.
Сребренов ги повикува сите љубители на спортот да дојдат на овој настан и да проследат добри борби.
Се очекува на душекот во Кочани да се појават повеќе репрезентативци. Столе Ефтимов до 97 кг треба да ја потврде титулата и со тоа обезбеди пласман на Европското првенство во Букурешт, Романија. За домашната публика посебено интересен е настапот на Расул Шапиев кој треба да настапи ЕП, но и да брка норма за Олимпијадата. Можно е Владимир Егоров и Бесир Алили да се борат до 61 кг што ќе биде на огрмно задоволство на љубителите на борењето, бидејќи меѓу нив има ривалство. Потоа Ахмат Магомедов кој се бори за олимписка норма, па Фати Вејсели. Ако Дејан Митров се појави на Душекот тој ќе брка да постави нов рекорд по број на освоени титули.
Првиот човек на Спартак истакна дека тие ќе настапат со 14 борачи од кои очекува успех на Државното првенство.
За Спартак ќе настапат: Зоран Митев, Дамјан Крстов и Драган Глигоров до 57кг., Благоја Тасески и Стефан Штерјов до 61кг., Ефтим Стоименов до 65кг., Александар Павлев до 70кг., Расул Шапиев и Филип Ѓорѓиев до 74кг., Петар Иванов и Андреј Петков до 86кг. Леон Трајанов и Стефан Миладинов до 92кг. и Горан Терзиски до 97кг.
Право на учество на ова првенство имаат борачи -родени од 2005 година и постари.
На Државното првенство в сабота ќе настапат екипите: Вардар, Лирија, Бучим, Балканец, Вардар 1961, 7 Мај, Неготино, Борец, Аждер, Тефејуз, Чаир, Студеничани, Бучим шампиони, Шкупи и други.