Се договора боксерски меч меѓу Хорхе Масвидал и Нејт Дијаз

Изгледа дека доаѓа голем реванш меѓу Хорхе Масвидал и Нејт Дијаз, но не во октагонот туку во боксерскиот ринг.

Имено, легендите на УФЦ треба да облечат боксерски ракавици и да им понудат на фановите вистинско шоу за боречки вештини на настанот што би се одржал во март во Лас Вегас.

Нивната прва борба се одржа во ноември 2019 година кога Хорхе победи со прекин по третата рунда. По интервенција на лекарот, дуелот беше прекинат, а Гејмбред го освои појасот ‘БМФ’.

Тоа беше и последна победа за Масвидал, бидејќи подоцна двапати загуби во натпреварите за титулата на УФЦ против Камару Усман и Колби Ковингтон и Жилберт Барнс.

А Дијаз се испроба и во боксот по заминувањето од УФЦ, во август минатата година се бореше со Џејк Пол и загуби со едногласна одлука.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON