Се борат прваците на КСВ во полутешка и тешка категорија

Томаж Наркун (16-2) ќе учествува во уште една суперборба.

По двете победи над Мамед Халидов, шампионот на КСВ во полутешка категорија на 23 март во Лоѓ ќе се бори со првкот во тешка категорија Фил де Фрис (16-6-1 НЦ).

32-годишниот Англичанец титулата ја освои во април минатата година нокаутирајќи го во првата рунда Михал Андришак, а прв пат ја  одбрани во октомври, победувајќи го поранешниот американски шампион Карол Бедорф.

Во периодот од ноември 2011 до април 2013 година пет пати се бореше за УФЦ. Забележа 2 победи и 3 порази.

Наркун титулата во полутешка категорија ја освои со нокаутот против Горан Рељиќ во октомври 2015 година.

На настанот во Лоѓ по поразот во реваншот со Роберт Солдиќ се враќа Дрикус Ду Плесис (12-2).

Јужноафриканецот во судирот на поранешните прваци силите ќе ги  одмери со Борис Манковски (19-7-1).

Мариуш Пуџијановски (12-6-1 НЦ) ќе се пресмета со олимпискиот победник во дигање тегови Симон Колецки (6-1).

https://www.youtube.com/watch?v=TotntZxlNq4

.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО