Откако ја забележа една од најголемите победи во кариерата Саул Алварез над Мигуел Кото веднаш почнаа шпекулации за следниот негов ривал, односно Генади Головкин.
Испровоциран од новинарско прашање Мексиканецот (25 г.) изјави дека е подготвен веднаш да се бори со Казакстанецот и воопшто не се плаши од него.
Еве дел од изјавата на Алварез:
„Не ми е страв од никого. Ако сакаш уште сега можам да боксирам со Головкин, на овој ист ринг, на кој досега се борев“!.