Саудиска Арабија и Лондон се опции за Фјури – Усик

Егис Климас, кој е менаџер на шампионот на ВБА, ИБФ и ВБО во тешка категорија, Александар Усик (20-0, 13 КО), изјави дека се уште се во преговори со Тајсон Фјури (33-0-1, 24 КО). За жал, штабот на двајцата боксери очигледно не може да се договори околу поделбата на парите.

Климас очекува во рок од една недела да има извесност за се, по што борбата ќе биде официјално објавена. Усик ќе ги брани титулите во ВБА, ИБФ и ВБО, додека Тајсон ја брани титулата во ВБЦ. Во борбата ќе бидат загрозени и непобедените статуси на двајцата боксери.

„Не можам да зборувам за тоа во детали бидејќи се уште сме во преговори. Натпреварот се уште не е потврден. Работиме на темата. Се надевам дека ќе направам голема најава во рок од една недела.

Каде ќе се одржи битката? Ги гледаме Саудиска Арабија и Лондон“, рече Климас во интервју за Јутјуб каналот Бокс сошл.

Битката меѓу Фјури и Усик ќе го даде првиот неприкосновен шампион во тешка категорија по повеќе од 20 години.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON