Саудијците се подготвени да ги објават Фјури – Усик и Џошуа – Вајлдер

Амер Абдала, промотер од Саудиска Арабија, ги потврди гласините дека неговиот тим работи на договарање борби со лидерите во тешка категорија Тајсон Фјури, Александар Усик, Дионтеј Вајлдер и Ентони Џошуа.

Според Абдалах, борбите нема да бидат дел од мега-турнирот како што беше претходно објавено, туку би можеле да се одржат како дел од едно шоу.

„Декември е, веќе има конкретен датум и штом има можност, ќе излеземе со соопштение за медиумите. Имаме сè подготвено и овие борби ќе бидат објавени, иако борците можеби ќе се натпреваруваат пред тоа.

Да, има борби што сакаме да ги правиме и тие имиња се на списокот. Прашањето е дали Џошуа сака да има интермедијална борба. Неговиот менаџмент смета дека ова е правилна одлука.

Во спротивно, ќе се врати во Тексас за да продолжи да работи со својот нов тренер. Дали ќе може да се бори? Дефинитивно. Ова е деловната страна на спортот.

Но, тој мора да победи“, рече Абдала во интервју за Јутјуб каналот Боксинг кинг медија.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by NEXFRICA SPORT (@nexfricasport)

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON