Сашо Гарабиљевиќ: Со моја техника боксер стана шампион, а тоа ме промовираше во тренер! Верувам во Гого!

За Сашо Гарабиљевиќ од Битола пишувавме дека му средил на нашиот боксер Гого Славески спринг и тренинг со светскиот првак Вили Монро, а кој сега живее во Њујорк во САД.

Гарабиљевиќ на битолската и македонската боксеркса фела и е познат подоамна, бидејќи од 13-годишна возраст е во боксот, а првите почетоци му се во Боксерскиот клуб Битола од Битола.

„Со гордост може да кажам и да ги поздравам моите тогашни најдобри тренери Демиров Неат- Лаличот и Садик Садиковски кај кои научив многу тајни во боксот.Подоцна се запишав со средното полициско училисте и моите тренинзи ги продолжив  во БК Вардар од Скопје, каде и што бев регистриран натпреварувач, а тогашен тренер ми беше сега покјниот Перо Трајковски. Подоцна по моја иницијатива беше отворен боксерски клуб во полициското училиште, каде што тренирав и подготував нови таленти со професорот Ангел, а со помош на Перо Трајковски од Вардар. За летниот распуст се враќав во Битола и тренинзите ги продожував во БК Битола“, истакнува Сашо кој жали што неговото долгогодишно тренирање не успеал да направи официјални мечеви поради одредени причини, иако имал преголемо искуство.

„Се подготвував за Европското првенство во 1997 година во Битола, но мојата старосна граница, како кадет, беше надмината само 3 месеци и пордаи тоа бев дисквалификуван од натпреварувањето“, се сеќава на овој несреќен момент од неговата боксерска кариера.

На ова ЕП во Битола Македонија освои два медала, златен на Фатон Салиху и бронзен на Дарко Чатлески.

Гарабиљевиќ вели дека тој и неговите врсници тренирале во време кога тотално се распаѓа боксот во Македонија, па затоа и не забележале значајни резултати.

„Во 2010 година го отворив БК Бранител, и како тренер имав добри резултати, неколку државни прваци на Македонија. Едни од нив се Горјан Србиновски и  Денис Муаремовски  кој во оваа полусезона имаше успешен настап во Регионалната лига  за БК Пинк Пантер. Бев тренер во Федерацијата за јуниори и заедно со селекторот Насер Харуни ги подготвуваме и носевме боксерите на безброј меѓународни натпревари на Балканот, и тоа на свој трошок. Од тие причини бев  првиот иницијатор за промени во Федерацијата и се борев цели 3 години, но со моето заминуванје во Америка, поточно во државата Њујорк таа работа им ја препуштив на другите тренери со моја поддршка“, нагласува Гарабиљевиќ.

Битолчанецот има тренерска лиценца од АИБА – тренер со една ѕвезда. А како упаднал во босерските води во САД, приказната на Сашо е по онаа народната „фрли ме мајко на буниште со к’смет“ или помодерно – како на филм.

„Присуствував на еден од најјаките турнири во САД за боксери аматери во Голден Гловс Бафало, Њујорк, а во финалната борба на еден од тренерите му кажав една моја техника на боксирање, а таа техника му донесе победа на неговиот боксер и стана шампион за 2015 година. Подоцна бев поканет од Боксерската федерација и клубот Фјат Факторс Рочестер ХС и ги почнав со моите тренизи како тренер, а подоцна и како судија на националните боксерски турнири во САД. Многу помагам и во тренажниот процес на шампионот во професионален бокс Вилие Монро Јуниор, како и на другиот шампионот Ред Вилијамс“, раскажува Гарабиљевиќ за неговото саноѓање во САД, а тој сега е главен тренер на областа Нијагара, која опфаќа повеѓе градови во Њујрок, Рочестер, Бафало, Сиракуза.

Славески од 24 до 27 август во Њујорк ќе спарингува и тренира со светскиот првак во средна категорија на ВБО Вили Моноро кој во септември ќа ја брани титулата против Били Џо Сандерс.

„За спарингот на Гого и светскиот шампион Вилие Монро Јуниор јас сум заслужен, бидејќи сум во многу блиски контакти и со боксерот и со целиот тим“, истакнува Гарабиљевиќ и додава:

„Денес е многу тешко да направиш спаринг меч со така познат боксерски шампион. Тешко прифаќаат, бидејќи Вили е во завршните подготовки за одбрана на титулата на 16 септември во Лондон. Бидејќи целиот тим има преголем респект спрема мене, прифатија Горјан да има заеднички тренинзи и спаринзи од неколку дена“.

За евентуалното преселување на Гого во Њујорк Сашо вели дека не може да каже ништо, затоа што Славески треба самиот да одлучи, но и дека се зависи од спаринзите што ќе ги прави, за да се виде кои квалитети ги поседува.

„Не се сомневам во квалитетите на Горјан и мислам дека по спаринзите ќе потпишеме договор за понатамошна соработка. И, се надеваме на голема шампионска титула во иднина, бидејќи јас сум тука како тренер и ќе биде поддржуван на секое поле од мене, а исто така ќе тренира со најдобрите, што ќе му донесе високи резултати“ , нагласува Гарабиљевиќ и со задоволство додава:

„Првичниот впечаток, по првиот спаринг со Монро, ги исполни моите очекувања. Горјан е многу талентиран и храбар боксер. Но, за да има големи успеси треба да тренира со мене. Со тоа ќе му овозможам да спарингува со најдобрите во Њујорк“.

Гого и Вили Монро

Сашо вели дека ќе му биде големо задоволство Боксерска федерација на Македонија да се исправи на нозе и да биде прва барем на балканските простори. Но смета дека работите ќе одат тешко. За да се успее треба да се сака боксот.

„Мислам дека во боксот тешко ќе одат работите, затоа што многу е испуштено. Сепак, има исклучоци, па поедини боксери кои финансиски ќе вложат во себе, така ќе дојдат на некое повисоко ниво“, тврди Гарабиљевиќ.

Ipon.mk/В.Д.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON