Сашко Арсовски по успехот на Басаров: Продолжува традицијата, се раѓаат нови ѕвезди

Штипјанецот Андреј Басаров се пласира во големото финале на Европското првенство за кадети, јуниори и У-21 во карате за кадетска конкуренција. Басаров ја продложува традицијата на КК Штип да се освојуваат медали од големите приредби.

„Проектот на Жарко и Сашко Арсовски станува се поуспешен. Во 2005 година го формиравме Карате клубот Штип, а денес е еден од најуспешните спортски клубови во нашата држава. По најголемите успеси во нашата држава на Емил Павлов, Жарко и Сашко Арсовски, продолжува традицијата, се раѓаат нови ѕвезди. Пандемија не го запре Андреј Басаров да се бори вечер за големото злато во Тампере. Огромен резултат за Македонија и за градот Штип“, изјави тренерот Сашко Арсовски.

Резултати

+70 кг
Андреј Басаров – Екторас Пергантс (Грција) 2-0
Андреј Басаров –Александру Гулас (Романија) 3-0
Андреј Басаров – Тимоте Дугладѕе (Грузија) 1-0
Финале
Андреј Басаров –Нихад Каримзада (Азербејџан)

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON