Сашко Арсовски е избран за тренер на сениорските репрезентации во борби, направени промени во Правилникот…

За тренер на државната репрезентација за сениори/сениорки во борби е избран Сашко Арсовски, а досегашните тренери на слекциите до 21 година и на кадетите и јуниорите во борби, Арлинд Хусеини и Алексанадар Кузмановски, добија нови мандати, додека за тренер за млади надежи 10-14 години во борби е избран Шефи Речи, а за кати на сите селекции е избран Стојан Андриевски, со тоа што се задолжува да биде одговорен и за младите надежи 10-14 години, затоа што на Конкурсот не се пријавил ниту еден кандидат.

Овие одлуки ги донесе Извршниот одбор на Карате федерацијата на Македонија (КФМ) на седницата одржана на 1 јули.

За стручен соработник во КФМ е избран Благој Атанасов.

Извршниот одбор донесе одлука за базичните подготовки во Маврово (А) и во Дојран (Б-план) за репрезентативците во борби и кати кои се пласирани на ранг листата на Светската карате федерација до 50-то место, КФМ ќе ги покрие трошоците во висина од 100 проценти, додека оние што се наоѓаат од 50 до 100-то место, Федерацијата ќе и покрие 50 отсто од трошоците.

Исто така ИО по истиот систем ќе го покрие учеството на Премиер лигата во Лајпциг и на Карате 1 лигите во Истанбул и во Салцбург.

Извршниот одбор по бурните реакции на Правилникот за избор, финансирање и наградување на државните репрезентативни селекции во карате направи нови промени, односно дополнување член 2 став 2 во Правилникот и по зборовите „Стручен тим“ е доден текстот „во чиј состав се и клупските тренери на репрезентативците кои избориле право на настап на натпреварите од алинеја 1 и 2 од овој став“. Дополнет е и членот 24 на Правилникот за избор, финансирање и наградување и по зборовите „стручен тим“ е доден следниот текст „по усогласен предлог на сите членови на Стручниот тим“.

ИО ги разгледал дописите на КК Металург и КК Кеикс и донел заклу.чок писмено да и одговори, согласно дадените предлози за одговор.

WKF – Рангирање за Сениори – 1-50 место

Име и Презиме Дисциплина Ранг Поени
Берат Јакупи Борби -84кг 21 1102
Емил Павлов Борби -60кг 25 1115
Симона Заборска Борби -55кг 26 886
Наташа Стефановска Борби -61кг 30 769
Жарко Арсовски Борби +84кг 34 (170) 726
Иво Цветковски Борби -75кг 36 794
Пуликсенија Јованоска Ката 36 (75)737
Ненад Келебиќ Борби -67кг 39 780
Енес Смаелагиќ Борби -75кг 44 696
Моника Стефановска Борби -68кг 44 580
Петар Спасеновски Борби -84кг 46 575
Сара Радическа Борби -50кг 46 (267) 465

 

WKF – Рангирање за Сениори50100место

Име и Презиме Дисциплина Ранг Поени
Јовано Георгиева Борби -55кг 52 487
Виктор Крстевски Борби -84кг 65 462
Мартин Нестороски Борби +84кг 65 362
Петар Заборски Борби -75кг 77 344
Димитар Илиевски Борби -67кг 90 326
Ангела Мојсовска Борби -68кг 94 175

 

WKF – Рангирање за Сениори100150место

Име и Презиме Дисциплина Ранг Поени
Моника Пендаровска Борби -55кг 101 215
Сашко Патраклиев Борби -84кг 110 241
Азиз Исмаил Борби -75кг 111 250
Симон Антиќ Борби -84кг 118 207
Ферат Курбулиќи Борби -75кг 119 225
Драгана Тодоровска Борби +68кг 120 92
Семир Ќосовиќ Борби +84кг 122 161
Сара Крстевска Борби -61кг 122 155
Тодор Ристески Борби -75кг 124 223
Мишела Димоска Ката 130 167
Давид Петков Борби -60кг 135 137
Ана Марија Несторовска Борби -61кг 134 132
Селена Тушанова Борби -68кг 149 75
Бојана Манева Борби -68кг 150 75

Резултатите се од WKF Ранкинг листата: http://setopen.sportdata.org/wkfranking/ranking_main.php.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON