Сара Јовановска се закити со бронза на Балканското првенство во таеквондо

Сара Јовановска (-51 кг) од Таеквондо клуб Младост на Балканското првенство во Драч, Албанија, освои бронзен медал во кадетска конкуренција А класа. 

Клубот настапи со двајца натпреварувачи.

„Сара Јовановска (по две борби беше сопрена од страна на противничката од Турција и со тоа го освои 3-тото место во оваа силна конкуренција. Додека Давид Божиновски (+65 кг, А класа, кадет) за жал, беше сопрен од страна на актуелниот балкански шампион, но мора да нагласам дека во поголемиот дел од борбата Давид имаше позитивна разлика, но искуството пресуди“, вели тренерот Стефан Миленковски, додавајќи дека ова досега е најголем успех за клубот, кој е релативно нов во однос на другите клубови кои учествуваат на натпревари од ваков калибар.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON