Мексиканските Лео Санта Круз (35-1-1, 19 КО) и Абнер Марес (31-3-1, 15 КО) по втор пат се бореа во Стејплс центарот во Лос Анџелес.
Во нивната прва борба во 2015 година, Санта Круз славеше со мнозинска одлука на судиите. Новиот дуел го доби истиот победник, но исто така обезбеди вистинска забава за 12 и пол илјадната боксерска публика во Лос Анџелес.
29-годишниот Санта Круз славеше со едногласна одлука по 12 рунди – 117-111, 116-112 и 115-113 и ја одбрани титулата на ВБА „супер“ во перолесна категорија.
По борбата повика на средба за обединување со шампионот на ВБЦ, Гери Расел Јуниор.
https://youtu.be/iVEBvl1IC_U
.