Сандхаген спектакуларно го нокаутира Мораеш (ВИДЕО)

Кори Сандхаген го нокаутира Марлон Мораеш во втората рунда на главниот меч на УФЦ Фајт најт 179. Среедбата во петел категорија заврши со спектакуларен удар со нога од вртење на Кори.

Разврската се случи една минута по почетокот на втората рунда. Сандхаген упати одличен удар со пета во главата на Мораеш и го сруши на земја. Веднаш скокна на него за да го заврши, а судијата Марк Годард ја прекина борбата.

Тоа беше само деветти нокаут со пета од вртење во историјата на УФЦ.

Сандхаген рече дека единствените две личности кои може да имаат поголема шанса за меч за титула од него се Т.J. Дилашоу и Френки Едгар.

„Сета почит кон двајцата, но јас го сакам тој појас“, рече Сандхаген.

Резултати од УФЦ на ЕСПН + 37:
Кори Сандхаген  Марлон Мораеш преку ТКО – Р2, 1:03
Едсон Барбоса  Маквен Амирхани едногласна одлука на судиите (30-26, 30-27, 29-28)
Марсин Тибура  Бен Ротвел едногласна одлука на судиите (29-27, 29-27, 29-27)
Дрикус Ду Плесис  Маркус Перез преку КО – Р1, 3:22
Том Аспинал  Алан Баудот преку ТКО – Р1, 1:35
Илија Топурија  Јусеф Залал едногласна одлука на судиите (29-28, 29-28, 29-28)

Воведни борби:
Том Бриз – КБ Булар преку TKO – R1, 1:42
Крис Даукаус  Родриго Насименто преку КО – Р1, 0:45
Хоакин Бакли  Импа Касанганај преку КО – Р2, 2:03
Тони Кели  Али Алкаиси едногласна одлука на судиите (30-27, 29-28, 29-28)
Гига Чикадзе  Омар Моралес едногласна одлука на судиите (30-27, 30-27, 30-27)
Трејси Кортез  Стефани Егер едногласна одлука на судиите (30-27, 30-27, 30-27)
Тагир Уланбеков  Бруно Силва едногласна одлука на судиите (30-27, 29-28, 29-28)

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО