Во мај го очекуваме големиот боксерски меч меѓу шампионите Сол Алварез – Канело и Били Џо Сандерс.
Канело во декември ги освои ВБЦ и ВБА титулите во средна категорија победувајќи го Калум Смит во Тексас.
Тој ќе се врати во рингот на 27 февруари, кога ќе направи задолжителна одбрана против Авни Јилдирим на Флорида.
Сандерс, кој тешко дека ќе се бори пред мај, призна дека не ја гледал борбата на Канело со Смит.
Тој верува дека Смит ја прифатил битката со кратко известување и немал време да се подготви добро и можеби излегол само за да го собере хонорарот.
Во минатото, Сандерс ја одби понудата да се бори против Канело затоа што рече дека времето што треба да се подготви не е доволно.
„Искрено, не сум го гледал Канело против Смит. Погледав само избрани моменти. Можам само да ти кажам дека Канело Алварез никогаш, никогаш, но никогаш не се борел против Ром. Имам нешто во мене што толку силно гори дека би ги дал животот и душата, сè за да дојдам до победата“, рече Сандерс.
„Некои луѓе излегуваат и се заслепени од парите, од славата. Но, тоа не важи за мене. Задржтете си ги – ги имам. Не сакам слава, не сакам да ме гледаат, не сакам да ме препознаат на улица, не сакам такво нешто. Само ја сакам победата и доаѓам за неа.
Затоа мислам дека Смит го прифати мечот со само 5-6 недели за подготвка, само за да ги земе парите. Не го обвинував за тоа, но тој не излезе со психата потребна за победа. Сакам да видам како некој ќе излезе целосно фокусиран да ја заврши работата – и тоа е да се победи“, рече Сандерс.