Били Џо Сандерс и понатаму инсистира за меч со Генади Головкин, при што Британецот упати јасна порака до ГГГ - ако имаш мадиња, потпиши договор!
Нивните менаџери продолжија да преговараат, а Головкин не крие дека сака да ја освои титулата на Сандерс верзија на ВБО.
Британецот исто така сака да се бори со ГГГ и му упати предизвик преку медиумите.
„Се уште не сум го слушнал одговорот на Головкин. Веќе му реков на промотор Френк Ворен да почне да бара други опции. Подготвен сум да боксирам со него дури и во Казахстан. Ми се чини дека сите сакаат да се сретнат со мене, но само кога сум дебел и надвор од форма“.
„Кога сум во форма и со доволно време да се подготвам, луѓето одеднаш велат дека им треба одмор. Пенкалото е во мојата рака и сум подготвен да потпишувам. Но ако не се случи тоа до петок, сакам да одам напред. Не можам постојано да седам и да чекам уште шест месеци. Треба да ја продолжам со кариерата. Головкин, ако воопшто имаш мадиња, тогаш потпиши договор и да се бориме“!