Поранешниот борач на Балканец и до неодамна дел од раковдството на клубот, Санде Коцев, поднесе иницијатива до градоначалникот на Општина Штип, Илчо Захариев, за изградба на „Парк на олимпијците и најдобрите спортисти на градот Штип“.
Коцев предлага паркот да биде изграден пред Факултетот за образовни науки (поранешен Работнички универзитет) и е предвидено на постамент да се постави плоча со димезии 2,5 х 1,5 метри на која ќе бидат испишани имињата на заслужните спортисти.
На имињата ќе бидат испишани имињата на Симеон Шутевм, Киро Ристов, Зоран Шоров, Трајче Димков, како учесници на Олимпијади, но и на други заслужни спортисти кои ја афирмирале државата и Штип.
Иницијаторот вели дека градоначалникот Захариев со радост ја прифатил иницијативата, а Коцев истакнува дека тој ќе ја го финасира споменикот на заслужните спортисти.
Ipon.mk/В.Д.