Турските репрезентативци беа пресилни за македонските борачи. Со оглед што беа домаќини на турнирот „Јашар Догу“, турските репрезентативци имаа привилегија да се најдат повеќе во некои категории. Впрочем, сите борачи на овој голем меѓународен турнир се подготвуваа и за квалификациите во април и мај, кога ќе бидат познати новите учесници на ЛОИ во Рио.
Во Истанбул се појавија 4 македонски претставници. Тие во првите кола се сретнаа токму со домаќините. Со исклучок на натурализираниот македонски репрезентативец Мохамедгаџи Нуров, сите останатите загубија во првите кола од претставниците на Турција и беа елиминирани. Нуров имаше одлична сеозна во Бундес лигата, а неговиот клуб во финалето, поради правилата, не ја освои титулата.
Исклучок е Дејан Митров , кој загуби со технички туш од натурализиран Французин. Јасин Реџелари загуби со 9-3 во првото коло од турски борач, а исто така и Лабазан Аксербиев кој минимално беше поразен со 10-9, иако на 9 секунди пред карјот водеше. Нуров во категоријата до 96 килограми, беше најблиску до добар пласман. Тој во првото коло победи турски репрезентативец, а и во второто се сретна со борач од оваа држава. Нуров се до пред крајот на борбата водел со 9-2, како што вели селекторот Лулзим Вренези, но во самиот финиш несреќно загубил со туш. Тој во конечниот пласман го освои 9 место. Единствено тој има пласман на овој турнир.
Ipon.mk/К.М.