Од 1 јануари стапија на сила новите тежински категории и должината на борбите на официјалните натпревари во самбо борењето што ги донесе Извршниот комитет на Меѓународната федерација за самбо (ФИАС).
Од 1 јануари 2021 година категориите за жени и за мажи се променети со ограничувања на тежината за најлесните натпреварувачи, додека нивото во тешка категорија за мажите ќе биде намалено.
Новите категории за јуниорки и сениорки се 50 килограми, 54 кг, 59 кг, 65 кг, 72 кг, 80 кг и над 80 кг.
Претходно, тие беа 48 кг, 52 кг, 56 кг, 60 кг, 64 кг, 68 кг, 72 кг, 80 кг и над 80 кг.
За јуниори и сениори новите категории се 58 кг, 64 кг, 71 кг, 79 кг, 88 кг, 98 кг и над 98 кг.
До сега беа 52 кг, 57 кг, 62 кг, 68 кг, 74 кг, 82 кг, 90 кг, 100 кг и над 100 кг.
Тежинските категории за борци кадети и помлади кадети исто така ќе бидат изменети.
ФИАС објави дека и мажите и жените ќе се борат пет минути на сениорско и јуниорско ниво, а четири минути за помлади кадети и кадети.
Претходно, борбите за сениори и јуниори траеја четири минути.