Самбо репрезентацијата се подготвува за настап во Москва на престижен турнир кај Путин

Самбо репрезентацијата првиот настап го има на 11 март во Брчко, Босна и Херецговина, но главниот настан е од 24 до 26 март на „Карапиев турнирот“ во Москва, Русија, кој ќе го отвори и следи претседателот на Русија, Владмир Путин.

Турнирот е во машка и женска конкуренција во спорстко самбо и комбат самбо само за мажи.

Претседателот на Самбо федерацијата на Македонија, Ердал Факиќ, е поканет како почесен гостин на турнирот.

На распоредот на репрезентацијата се Европското првенство за јуниори на 18 април во Прага и Европското сениорско првенство во Минск, Белорусија.

Сепак, голема препрека за реализација на оваа програма се финасиите, на потег се институциите и спонзорите.

Ipon.mk/В.Д.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON