Почетоците на Самбото
Самбо (Самозаштита без оружје) е руска боречка вештина. Зборот „Самбо“ е акроним за Самозаштита без оружје. Самбо е релативно модерен спорт, бидејќи неговиот развој започнал во почетокот на XX век од страна на советската „Црвена армија“, за да ги подобрат своите војници за борба. Самбото е спој од најефикасните техники на другите боречки вештини. Самбото има корени од јапонското џудо, меѓународните стилови на борење и џиу џицу, плус традиционалните народни стилови на борењето како што се: Kurin Казахстан, Грузија Chidaoba, Узбекистан Kurash, Монголски Khapsagay, Gulesh Азербејџански, Ерменски Kokh и Романски Trîntǎ.
Пионерите на Самбото се Виктор Спиридонов и Васили Oшчепков. Oшчепков починал во затвор како резултат на политичките чистки во 1937 година, по обвинувањата дека е јапонски шпион. Ошчепков поминал голем дел од својот живот во Јапонија, а Џудо обука стекнал од основачот на Џудото, Кано Јигоро. Двајцата развиле два различни стилови, а еден од нив, денес, е познато како САМБО.
Спиридонов бил воен ветеран од Првата светска војна и еден од првите инструктори по борење и самоодбрана. Неговата позадина вклучува грчко-римски стил, борење во слободен стил, многу словенски боречки стилови и јапонски џуџуцу. Како combatives истражувач за Динамо, тој отпатувал во Монголија и Кина да ги испочитува своите родни борбени стилови.
Анатолиј Харалампиев, студент на Васили Oшчепков, често се смета за основач на Спорт Самбо. Харалампиев често е нарекуван татко на самбото. Бидејќи тој, во тоа време, имал политички врски, лобирал самбото да биде примено како официјален спорт во Советскиот Сојуз во 1938 година. Оттогаш, дефинитивно, се раѓа САМБОТО како спорт. Така, Харалампиев може да го сметаме како таткото на Самбото.
Постојат два ФИАС, признати натпреварувачки спортски варијации на Самбо (Самботехники и принципи може да се применат и во многу други борбени спортови).
Спорт Самбо стилски е сличен на Олимпиското борење во слободен стил, џудо, но со некои разлики во правилата, протоколот и униформата. Тој се фокусира на фрлање, теренска работа и поднесоци. Во споредба со џудото, спорт самбото е микс на борење, џудо и џиу џицу. Самбо борачите обично носат црвена или сина јакна kurtka (куртка) или sambovka (самбовка), ремен и шорцеви од иста боја, но и самбетки, борцовки(руски) боречки чевли. На Самбо униформата нема одраз на чин или рејтинг на борачот. На пример, појас или некоја друга ознака. Спортските правила бараат спортистите да имаат, и двајцата, црвени и сини куртки за визуелно да се направи разлика помеѓу натпреварувачите на душекот.
Фјодор Емелијаненко
Комбат Самбо е користено и развиено за војската, во комбат самбото се користат разни видови на техники од карате па до сите боречки вештини, исто така и техники со оружје. Разликата во облекувањето од спорт самбото е во тоа што во комбат борците носат кацига на главата и мали ракавици. Еден од промоторите на самбото, кој е и 5 кратен светски шампион во комбат самбо е Фјодор Емелијаненко.
Самбото беше демонстративен спорт на Летните олимписки игри во 1980 година во Москва, СССР. Самбо се демонстрираше на отварањето на Игрите. По Летните олимписки игри во Барселона во 1992 година, самбото беше тргант како демонстративен спорт од Олимпијадите. Со измените на Олимписките игри, во Џудото во 2013 година и предлогот за отстранување на борењето од Олимписките игри, имаше голема миграција на борачи во Самбо: поради неговата сеопфатна техника и динамика и уште конзистентни правила.
Во 1968 година ФИЛА го прифатила самбото, како трет стил на меѓународно борење. Во 1985 година самбо заедницата формирала своја организација, Меѓународната федерација за аматерско самбо (ФИАС). Во 1993 година ФИАС била поделена во две организации, ФИАС „Исток“ (под руска контрола) и ФИАС „Западот“ (во САД и западно-европските земји). Несогласувањата меѓу двете организациии на Самбото и подемот на бразилската џиу-џицу во 90-тите години на минатиот век, го забави растот на Самбото, но успехот на неколку самбо борци, ја зголеми популарноста на овој спорт една деценија подоцна.
Меѓутоа, самбото е вклучено на 27-та Летна Универзијада во Казан – Русија, за прв пат во историјата. ФИАС достави барање до Меѓународниот олимписки комитет (ИОК) да се разгледа можноста за прием на самбото во 2020 годинана летните олимписки игри. Во 2015 година Самбото се најде на програмата на првите Европски Игри во Баку-Азербејџан.
Самбото во Македонија
Самбо федерацијата на Македонија е формирана во 2013 год, од страна на господинот Ердал Факиќ, кој моментално е претседател на Федерацијата, а секретар на федерацијата е Славчо Тодоров. Во март 2014 година се одржа првото Државно првенство за сениори, на кого учествуваа околу 30-на самбо борачи од 5 клубови, кои се формирани за кратко време. На првенството специјален гостин беше потпретседателот на Европската самбо федерација, Илијадис Мераби од Грција, како и претседателот на МОК, Васил Тупурковски. Првенството го отвори претседателот Ердал Факиќ.
Во мај 2014 година во Букурешт, Македонија е примена во Европската самбо федерација. Нашата репрезентација учествуваше на првото за нас Европско првенство. Нашата селекција учествуваше со 4 натпреварувачи, а освоивме едно 5-то место, Машовиќ Бајро во категоријата + 100 не успеа да се закити со бронзен медал. Тоа е голем успех за Македонија, како најмлада членка во Европската самбо федерација.
Во септември оваа година, нашата селекција учествуваше на Првенството за Југоисточна Европа, во Беране, Црна Гора, каде имавме одлични резултати. Адем Камбери до 74 кг и Машовиќ Бајро над 100 кг ги освоија првите места, додека Џемаил Идризи и Авни Дардишта ги освоија вторите места во нивните категории. Во конкуренција за деца, Омер Факиќ во категоријата до 46 килограми го зазеде првото место. Нашата селекција беше избрана за најдобра екипа на турнирот.
Од 20 до 24 ноември, нашата репрезентација за прв пат учествуваше на Светското првенство, кое се одржи во Нарита, Јапонија. Учествуваме со двајца борачи: Адем Камбери до 74 кг и Машовиќ Бајро над 100 кг, водач на екипата беше Славчо Тодоров.
Самбо федрацијата на Македонија, како млада федерација, моментално има регистрирано 6 клубови, а во фаза на отварање се уште 4 клубови во Скопје, Радовиш, Прилеп и Битола. Од 2015 година самбото е во фаза за влез во училиштен спорт на Македонија.
Идни планови на Федерацијата за 2015 година се популаризација на самбото во Македонија и учество на првите Европски игри во Баку-Азербејџан, учество на Еврпоските првенства во сите возрасни категории и учество на Светското првенство во Казабланка – Мароко 2015 година.
Пишува: Славчо Тодоров