Во организација на самбо клубот „Крис“ од Ќустендил, Бугарија, ќе се одржи меѓународен турнир во сабота и недела на кој ќе настапат повеќе репрезентации, пред се од Балканот. Во рамките на турнирот ќе има двомеч Бугарија-Македонија во три категории.
По летната пауза ова е прва проверка на нашите репрезентативци на меѓународна сцена, а и прв турнир на кој Ердал Факиќ ќе присуствува како претседател на Балканската самбо федерцаија.
ipon.mk/В.Д.