Сакакибара: Враќањето на Федор нема врска со парите

fedor sakakibara

Нобојуки Сакакибара ги негираше наводите дека Федор Емилијаненко за враќањето во ММА и мечот на новогодишната ноќ ќе добие 2,5 милиони долари.

Сопственик на новата јапонската ММА промоција тврди дека објавениот износ не е ниту близу до она што е договорено.

„Информацијата за плата од 2,5 милиони долари е сосема неточна. Сигурен сум дека во текот на преговорите со различните организации во САД на Федор му беа понудени многу поголеми суми од нашата понуда. Враќањето на Федор во Јапонија, апсолутно нема  никаква со парите и тоа е факт“, рече Сакакибара во интервју со Р-Спорт.

Според неговите зборови, примарна цел на Федор била да се обезбеди иднината на неговите помлади колеги од Русија, од кои многумина се на почетокот на кариерата.

„Една од главните причини за враќањето на Федор е развојот на ММА. Федор беше легендарниот шампион на Прајд, никогаш не бил поразен и е нераскинлив дел од историјата на ММА и единствената организација“.

Сакакибара не сакаше да го открие името на неговата нова промоција, ниту следниот противник на Емилијаненко. Само нагласи дека противникот е битен за иднината на ММА“.

Рускиот ТАСС соопшти дека името на следниот противник ММА легендата ќе биде објавен на 8 октомври.[symple_accordion]

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON