Фјури се срами од себе оти спиел со 500 жени?!

Fjuri 500

„Згрозен сум од себе, поради своето однесување на сексуален предатор пред бракот“, изјави британскиот боксер Тајсон Фјури во пресрет на мечот со Владимир Кличко на 28 ноември во Дизелдорф. Според зборовите на Британецот, тој успеал да однесе во кревет над 500 жени.

„Можно е да биле и повеќе. Едноставно, во еден момент престанав да ги бројам. Сега чувствувам одвратност кога некој го спомене тоа. Беше грозно и страшно, но не можам да го избришам овој дел од мојот живот”, додаде Фјури.

Таткото на Тајсон – Џон, пак, е воодушевен од својот син. Според него, тој веќе го пратил Кличко во вербален нокаут, а ефектот на зборовите му покажаа парализирано влијание на Украинецот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО