Уставното име на Македонија го користи официјалниот сајт на Олимписките игри во Рио, а тоа кај грчките медиуми покрена лавина реакции, а Грчкиот олимписки комитет најавил приговор.
Грчките медиуми најавуваат реакција на нивниот олимписки комитет за уставното име на Македонија кое го користи официјалниот веб сајт на Олимписките игри во Рио. Грците бараат Македонија да се именува како ФИРОМ.
На листата на земји Македонија не е запишана како ФИРОМ, туку организаторот на Олимписки игри ја користи кратенката МКД.
А во повеќе текстови за настапот на нашата земја се користи уставното име на Македонија.
Во вакви ситуации Грција речиси без исклучок реагирала и во минатото, па ова е уште една сосема очекувана реакција од нашиот јужен сосед. Останува само да видиме дали организаторот ќе подлегне на грчкиот притисок и ќе направи промена во употребата на името Македонија.