Саенчаи продолжува да нижи победи.
Откако пред еден месец го прослави 39-тиот роденден, Тајланѓанецот се натпреваруваше на настанот „Тај фајт“ во Удон Тани и ја забележа 48-та последователна победа.
Легендата на мај тај во многу забавен меч го победи Цем Дениз. Типично за Тај фајт настаните ова беше уште една прилика за тајландскиот борец да ги покаже умеењата, а Австралиецот со неколку трикови ја засили борбата.
Мечот беше договорен на тежина од 67 килограми.
Поранешниот шампион на Лумпини стадионот во четири тежински катгеории со овој успех го подобри својот скор на 311-49-2.